Судскиот совет на Косово (ССК) денеска изрази загриженост поради барањето на косовскиот премиер Албин Курти да му се соопшти името на судијата што донесе законска одлука за промена на мерката против обвинетиот Дејан Пантиќ, јави Бета.
ССК во соопштението наведува дека судиите се и треба да бидат независни во извршувањето на уставните и законските должности, а тенденциите за мешање се неприфатливи и најостро се осудуваат.
Јавно го известуваме премиерот Курти дека врз основа на Уставот и законот, надлежното службено лице кое ја донело оваа одлука се вика судија на Република Косово, одлуки кои мора да се почитуваат без коментар, без исклучок, вклучувајќи ја и Владата, се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.