Припадници на српското МВР го уапсија У.Д.(19) од Белград поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста.

Тој е осомничен дека повеќепати им се заканувал на студентите и професорите на Филозофскиот факултет во Белград, каде што студира, тврдејќи дека поседува пиштол.

Полицијата извршила претрес во куќата во која живее У.Д и пронашла предмети со антисемитски пораки, при што било утврдено дека тој не поседува огнено оружје.

На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе биде изведен до Првото основно јавно обвинителство во Белград.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.