Извештајот од обдукцијата на телото на масовниот убиец Вук Бориловиќ (34) ги потврди неофицијалните информации – тој се здобил со повреди во пределот на телото од испукани пет куршуми.

Чиј куршум го усмртил – полицаецот или сограѓанинот Ненад Нена Калуѓеровиќ, ќе утврди истрагата која е во тек.

Ова произлегува од одговорот на Вишото државно обвинителство во Подгорица, од кое за „Вијести“ објаснуваат дека се уште не им се доставени обдукциските наоди на телата на 10 жртви на Бориловиќ.

Извештајот од обдукцијата на телото на Бориловиќ е доставен до обвинителот во петокот на 19 август, седум дена по трагедијата во Цетиње.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.