Mинистерот за економски развој и туризам на Црна Гора, Горан Ѓуровиќ, соопшти дека во земјата во моментов престојуваат 39 илјади гости, што е 74 отсто повеќе од лани.

Тој додаде дека според досегашните податоци се очекува успешна сезона.

Ѓуровиќ за „Медиабиро“ изјави дека по фантастичната претсезона, сезоната почнала одлично, а доказ за тоа се и податоците на туристичките организации.

Велат дека имаме околу 39 илјади гости, што е за 74 отсто повеќе од истиот период лани, а три отсто повеќе од 2019 година. Одиме да соборуваме рекорди, одиме кон подобра година од рекордната 2019 година. Добредојдовте во Црна Гора, ве очекуваме – порача Ѓуровиќ.

Министерот истакна дека очекуваат гости од целиот свет.

Очекуваме гости од Запад, од скандинавските земји, од регионот. Бев во Србија и поканив гости. Во четврток одам во Босна и Херцеговина и ќе им го кажам истото. На сите од регионот им порачувам – Добредојдовте во Црна Гора – вели Ѓуровиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.