Шпанските влаасти побарале од Србија Лука Бојовиќ остатокот од казната затвор да ја отслужи во Србија. Лука е осуден на 18 години затвор поради швер на дрога и фалсификување исправи и веќе има одлежано половина од казната.
По ова писмо на Шпанците, веста го потресе српското подземје, пред се непријателите на Лука, кои стравуваат дека неговото доаѓање ќе биде проследено со низа ликвидации со кои Бојовиќ ќе ги одмазди сите свои убиени роднини и пријатели.
Обвинителството за организиран криминал во Белград во 2010 година поднесе обвинителен акт против Бојовиќ во кој се наведува дека тој станал на чело на „земунскиот клан“ по убиството на Душан Спасојевиќ Шиптар и Миле Луковиќ Кум, кои дотогаш биле водачи на овој клан.
Лука пред неколку години има изјавено дека во Србија би се вратил само во ковчег и дека за него во Белград нема живот по убиството на братот Никола и смртта на татко му.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.