Премиерот на Република Србија, Милош Вучевиќ е позитивен на корона вирусот, поради што се откажани сите средби и посети планирани за следните неколку дена, јави дописникот на МИА од Белград.

-Премиерот Вучевиќ е на домашно лекување, користи медицинска терапија и се чувствува добро, соопштија од Владата на Р.Србија.

Во соопштението се додава дека „претседателот на Владата на Република Србија ќе ги извршува сите должности од дома“.

Тој денеска требаше да присуствува на продолжетокот на вонредната седница на Собранието со вкупно 60 точки на дневен ред, меѓу кои е и Декларацијата, која беше усвоена во Сесрпскиот собор на 8 јуни во Белград.

Последна меѓународна активност на премиерот Вучевиќ беше во петкот кога имаше средба со македонскиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.