Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, по повод годишнината од бомбардирањето на НАТО, рече дека знае оти српскиот народ никогаш нема да ја стави настрана својата тага, но верува дека има доволно сила да ја потисне горчината.

Го посветив својот живот на дипломатијата – изнаоѓање дипломатски решенија за навидум нерешливи проблеми. За време на мојата дипломатска кариера научив дека дипломатијата понекогаш знае да потфрли. Кога тоа се случува, последиците може да бидат трагични. Сакам да упатам искрено сочувство до семејствата од оние кои загинаа во војните во 1990-тите, вклучително и во бомбардирањето на НАТО. Знам дека српскиот народ никогаш нема да го заборави тоа страшно време, ниту треба да го заборави. Српскиот народ никогаш нема да ја остави настрана својата тага, но верувам дека е доволно силен да ги остави настрана своите негодувања, напиша Хил на Твитер.

Тој посочи дека е непоколеблива посветеноста на Соединетите Американски Држави за партнерството со Србија, како и посветеноста на дипломатијата.

Заедно можеме да изградиме подобра иднина каква што заслужува и сака народот на Србија за идните генерации, посочува Хил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.