Музичарот Ѓорѓе Давид, член на жирито на Ѕвездите на Гранд, наводно бил учесник во сообраќајната несреќа која се случила на границата меѓу Македонија и Србија, кај Табановце. Поради густата магла, во саботaта, 20 јануари, околу 21 часот, дошло до незгода во која учествувале три автомобили.
Во судирот, едно лице го изгубило животот.
Давид се враќал од Гевгелија, каде имал работни обврски.
Според информациите на Информер, во несреќата учествувале три возила: фолксфаген поло, фолксфаген голф и опел инсигнија, која наводно ја возел Ѓорѓе Давид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.