Вселенската патријаршија соопшти дека ја признава таканаречената црква на Cеверна Македонија. Вака српските медиуми ја коментираат денешната одлука на Цариград.

Според Светиот синод на Вселенската патријаршија, со кој претседава вселенскиот патријарх Вартоломеј, црковната хиерархија предводена од архиепископот Стефан е призната како канонска и валидна во целиот православен свет, а со неа е воспоставено канонско и литургиско единство.

Според соопштението, Константинопол го признава името на оваа црква како „Охрид“ (што значи област на нејзина јурисдикција само во границите на територијата на државата Cеверна Македонија)-пишува „Новости“.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.