Српскиот доброволец во редовите на руските сили, Страхиња Бјелица (30 години) загинал на фронтот во Украина.
Тој загинал на 9 август, но поради сложената документација и транспортот, неговото тело дури сега е предадено на неговите родители во Белград.
Страхиња беше горд што доброволно замина во војна, веруваше дека неговата задача е да им служи на верата, на крстот и на православието.
Сакаше да биде корисен, да направи разлика. За жал, пред нешто повеќе од еден месец неговите родители беа известени дека тој трагично го загубил животот.
Знам дека загинал во војната, но не би зборувал за детали, тоа е премногу болна тема за сите што го познаваа и го сакаа…“ – вели еден од неговите пријатели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.