Авионот на Ер Србија, Ербас 319 на релација Тиват-Белград, денеска се вратил на аеродромот во Тиват од кој полетал поради технички причини и мерки на претпазливост, потврдија за Танјуг од компанијата.
Како што наведуваат во соопштението од компанијата Ер Србија, безбедноста на патниците во ниту еден момент не била загрозена и во моментов се прави се за што поскоро обновување на летот.
„Ер Србија жали за непријатностите и прави се што е во нејзина моќ за да обезбеди летот да продолжи што е можно поскоро.За повеќе информации, се молат патниците да се јават во Контакт центарот на Ер Србија на 0800 111 528 од Србија, на +381 11 311 21 23 од странство, за да ја посетат нашата веб-страница airserbia.com или нашите страници на социјалните мрежи“, се наведува во најава.
Патниците велат дека летот доцнел 45 минути и дека 5 минути по полетувањето се слушнал силен удар под авионот. „Наликуваше на удар од гром. Околу половина час кружевме над Которскиот залив, а луѓето на копно видоа голем чад од авионот“, рекол еден патник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.