Пет локации на кои наводно биле поставени бомби биле пријавени во Министерството за внатрешни работи на Србија – храмот Свети Сава, ВМА, Клинички центар, КБЦ „Ѕвездара“ и Правниот факултет во Белград, неофицијално дознава РТС.

На електронската пошта на Nova.rs се испратени две пораки со информација дека бомбите биле поставени на 21 локација во Белград, вклучувајќи ги и наведените.

Како што дознава РТС, зградата на Правниот факултет е веќе евакуирана, а специјализирани полициски екипи се на терен и ги истражуваат наводите за поставени бомби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.