Српската опозиција денеска објави дека нема да учествува во работата на седницата на Парламентот каде треба да се гласа за предлог буџетот за 2025 година. Во салата се распоредени повеќе од 20 припадници на обезбедувањето, јавија белградски медиуми. Дел од пратениците објавија дека на зградата на Парламентот има и снајперисти.

Пратеникот во српскиот Парламент Стефан Јањиќ (Србија Центар) покажа кривична пријава поднесена против претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, поради основано сомнение дека ја злоупотребила службената положба и несовесното работење во службата.

„Впрочем, по злосторството во Нови Сад што се случи на 1 ноември, го искористивме механизмот со кој располагаме, а кој е предвиден со Уставот на Република Србија, како и со законот за влада, кој е дека можеме да поднесеме предлог за гласање недоверба на премиерот Милош Вучевиќ, бидејќи сметаме дека тој е на чело на институцијата која е одговорна за она што се случи во Нови Сад, токму затоа што некогаш беше градоначалник на Нови Сад“, рече тој.

Јањиќ повтори дека група од 85 пратеници во суштина го поднеле тој предлог и дека Брнабиќ нема право да утврдува дали потписите се валидни или не.

Пратеничката Мариника Тепиќ (ССП) денеска нагласи дека Брнабиќ претходната седница ја направила апсолутно незаконска.

Личноста која се претставува како претседателка на Народното собрание, пред два дена на таканаречената седница, таа седница ја направи апсолутно незаконска. Се што се случува од самиот почеток на закажувањето е газење на Уставот и Деловникот на Народното собрание, и тоа само затоа што Ана Брнабиќ и пратениците на Српската напредна странка, по налог на Александар Вучиќ, не сакаа да дозволат расправа за довербата во Владата, како единствен виновник за 15 жртви во Нови Сад, кои завршија под 50 тони бетон, завршија во ковчези, а уште две лица се борат за живот и се во исклучително тешка состојба, што исто така се прикрива заедничкиот предлог на опозициските пратенички групи да се гласа недоверба на Владата, рече Тепиќ.

Таа повтори дека уставната категорија е гласање недоверба на Владата и дека јасно пишува дека се потребни 60 потписи од пратеници.

Тие ги покажаа своите вистински бои со дивеење во Собранието, предизвикување тепачка, провокација на пратеници од опозицијата, дека бевме принудени да реагираме во самоодбрана како никогаш досега, рече таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.