Министерството за надворешни работи на Македонија упати реакција до Министерството за надворешни работи на Република Србија со осуда за провокативните навреди и пароли демонстрирани за време на натпреварот меѓу РК Партизан и РК Вардар во Белград од страна на навивачката група на домашниот клуб.

Со овие непријатни активности освен што беа погазени принципите за фер и спортско однесување, беа длабоко повредени  достоинството на Република Македонија и нејзините граѓани. Ваквите реакции од групи поединци воопшто не се во духот на одличните билатерални односи кои ги негуваат двете земји.

Српската страна, преку својата амбасадорка во Македонија, изрази жалење и се огради од овие изолирани случаи на поединци кои на никаков начин не ги отсликуваат позициите на официјален Белград во однос на нашата земја, ниту пак се во духот на заемните заложби за јакнење на севкупни билатерални односи меѓу двете земји, соопшти МНР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.