Aвион кој летал на релација Лион-Истанбул попладнево околу 14 часот принудно слетал на меѓународниот аеродром во Тирана.

Според полицијата причина за тоа е обид на патник – авганистански државјанин да се самоубие за време на авионскиот лет.

– Лицето М.Н.(40) државјанин на Авганистан се обидел да се самоубие со сечење на вените на рацете со жилет.  Пренесен е во болница, каде му е укажана лекарска помош и моментално е во критична состојба, стои во полициското соопштение



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.