Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска го прими премиерот на Унгарија, Виктор Орбан и порача дека односите меѓу двете земји и двата народа се на историско високо ниво.

Тешките времиња и сериозните прашања се секогаш полесни кога ги споделувате со искрени партнери и пријатели, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Затоа, како што додаде, секогаш со особено задоволство го пречекува Виктор Орбан, со кого размениле мислења за актуелни теми, од состојбите во Косово и Метохија, преку плановите за економски раст и приближување на Западен Балкан кон ЕУ, за напредокот на заедничките проекти, соработката и поврзувањето на Србија и Унгарија.

– Горд сум на меѓусебната поддршка и односите меѓу нашите две земји и два народа, кои достигнаа историски максимум и нема да застанеме тука. Да живее пријателството на Србите и Унгарците, на Србија и Унгарија, напиша Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.