Српскиот претседател Александар Вучиќ го презентира планот „Србија 2027 – скок во иднината“. Вучиќ при своето обраќање најави дека планот е просечната плата да биде 1.400 евра.

На крајот на оваа година просечната плата ќе биде 958 евра, во 2025 година просечната плата првпат ќе надмине 1.000 евра, а во 2027 година се очекува да биде 1.400 евра.Пензијата до 2027 година ќе биде 650 евра.

Вучиќ во понеделник доаѓа во Скопје во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ а ќе има средба и со Албин Курти.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.