Германскиот канцелар Олаф Шолц синоќа пристигна во посета на Белград, а на аеродромот „Никола Тесла“ го пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Вучиќ, по пречекот на Шолц на Инстаграм напича дека „утре е голем ден во кој ќе ја разгледаме иднината на Србија и отворањето нови можности за нашата земја и народ“.
Вучиќ претходно вчера се сретна со Шолц на отворањето на четвртиот Самит на Европската политичка заедница во Лондон. Тој најави дека денеска во Белград ќе има билатерална средба со Шолц и оти ќе разговараат и за европскиот пат на Србија, политичките односи, развојот на економијата, а со ЕУ ќе биде потпишан и меморандум за разбирање во врска со минерални суровини.
Вучиќ на новинарите во Лондон им рече дека ќе се разговара и за Агендата за раст и планот за реформи, како и за приклучување кон единствениот европски пазар.
Тој во средата за РТС изјави дека денеска во Белград ќе биде потпишан Меморандум за разбирање меѓу ЕУ и Србија за стратешко партнерство за одржливи суровини, како и Писмо за намери во Црбија да се формира цел синџир на вредности.
Вучиќ изјави дека во име на Европската комисија потпретседателот на Европската комисија Марош Шевчовиќ ќе го потпише договорот со претставниците на српската влада, а најави дека денеска во Белград ќе пристигнат и претставници на Европската банка за обнова и развој, претставници на КФВ, претставници на италијанската банка за развој како и претставници на Мерцедес
– Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „во следните недели или месеци“ има намера да ја посети Србија, каде што планира да ги финализира преговорите за воените договори, вклучително и договорот за продажба на авиони Рафал на Белград.
Како што пренесе Политика, Макрон рече дека имал „исклучително плоден“ разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ за „економски, одбранбени и енергетски прашања“ на маргините на самитот на Европската политичка заедница во Велика Британија.
– Воените прашања се дел од нашата агенда. Во наредните недели или месеци ќе ја посетам Србија за да ги финализирам тие дискусии кои се предмет на технички, финансиски и политички преговори меѓу нашите земји, одговори Макрон на прес-конференција коментирајќи го статусот на договорот со Белград за набавка на француски борбени авиони Рафал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.