Србија која забележа раст од 15,2% е на првото место на листата што ја објави World of Statistics.

Српските медиуми денеска се пофалија со една надежна вест – Србија има најголем раст на платите во светот, во изминатите пет месеци. Веста се базира на податоците од World of Statistics и листата на земји со најголеми зголемувања на платите од декември минатата година.

Србија, која забележа раст од 15,2%, е на првото место на листата, а зад неа, во Топ 5, се Босна и Херцеговина, Португалија, Белорусија и Романија.

Македонија, на листата на World of Statistics, е во долната „црвена зона“ со пад на просечната плата во последните пет месеци од -2,8%.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.