Владата Србија на седница го усвои и Заклучокот со кој се предвидува преземање на сите мерки со цел да вработат 1.000 дипломирани медицински лица во здравствените установи и со тоа да овозможи непречено, ефикасно, континуирана и достапна здравствена заштита.
Овие вработувања се однесуваат на дефицитарните гранки во медицината и е во согласност со кадровските планови на здравствените установи и на Републичкиот фонд за здравствено осигурување.
Врз основа на анализата на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ – Батут“, утврдено е дека на здравствениот систем на Србија му недостигаат повеќе од 1.000 доктори на медицина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.