Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера на отворањето на српско-грчкиот бизнис форум во Палатата Србија истакна дека на Србија и треба пристаниште поради извозот, кој ќе се зголеми и дека Србија е подготвена да купи одредени капацитети на пристаништата во Солун или Пиерија.

Србија се повеќе ќе извезува, мора да имаме пристаниште. За нас е важно да ги искористиме капацитетите на Солун и Пиерија, дури и да купиме дел од пристаништето, одредени капацитети од 5-10 проценти. Имаме пари, тоа не е проблем. Треба да имаме побрз извоз во светот и разговаравме за тоа – рече Вучиќ.

Кога ќе го зголемиме производството на автомобили, со рудници, железарници, тоа ќе ни треба, рече тој.

Ќе се бориме за секоја грчка и српска компанија

Ќе треба да работиме повеќе и да се бориме за секоја грчка и српска компанија, да се бориме за наш влез на грчкиот пазар во различни области, но да привлечеме што повеќе грчки компании овде. Затоа побарав од премиерот Мицотакис, иако знам дека се работи за пазарно работење, да побара од грчките финансиски институции, особено од грчките банки, повторно да покажат интерес за српскиот пазар, бидејќи Србија денес е поинаква – нагласи Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.