Во морскиот дел на 40 наутички милји јужно од грчкиот остров Гавдос вчера биле спасени 112 мигранти и со помош на товарен брод сите безбедно биле пренесени на Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Ден претходно, исто така во близина на Гавдос биле спасени 25 мигранти, од кои двајца се уапсени под сомнение дека се криумчари.

Гавдос е најјужниот грчки остров и се наоѓа јужно од Крит.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.