Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, му го додели мандатот за формирање нова влада на лидерот на Движењето Европа сега (ПЕС), Милојко Спајиќ, наведувајќи дека при консултациите со претставниците на политичките партии добил уверување дека го поддржуваат 44 од вкупно 81 пратеник.

Милатовиќ истакна дека од Спајиќ очекува одговорност и експедитивност.

Како претседател на Црна Гора сметам дека ни е потребна политичка и реформска влада, посочи Милатовиќ

Движењето Европа сега освои најмногу мандати на изборите во јуни, 24 од 81 пратенички места.

Засега, пак, не се знае кој ќе ја сочинува новата извршна власт и кога ќе се формира владата.

Дел од политичките преговори е и прашањето за новото раководство на Парламентот на Црна Гора.

Новиот состав беше конституиран на 27 јули, кога беа верификувани мандатите на пратениците, но собраниското раководство не беше избрано.

Мандатарот има рок од 90 дена да го состави кабинетот и да ја предложи програмата за работа на идната влада



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.