Според последните податоци, во соседна Србија за 24 часа регистрирани се 15.425 нови случаи корона вирус од 34.778 тестирани.
Од последиците на болеста починаа 54 пациенти.
Ситуацијата во моментот е вонредна, со тенденција да стане уште посериозна, предупредуваат епидемиолозите. Посебно загрижува тоа што вирусот забрзува, а процесот на имунизација успорува. Пред само еден месец позитивни на корона вирус во просек беа 1.804, а сега осум пати повеќе.
Тогаш на лекување во болница беа нешто повеќе од 2.000 луѓе, а на респиратор 89 пациенти.
Сега ситуацијата е поинаква – во болница се лекуваат 3.488 пациенти, од кои 145 се на респиратор.
Освен тоа, откако почна второто полугодие на учебната година, зголемен е бројот на деца кои доаѓаат на преглед и се очекува пораст на заразени, тврдат лекарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.