Вршителката на должност директорка на Клиничкиот центар на Војводина, Весна Туркулов, утрово изјави дека состојбата на тројцата тешко повредени во уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември се уште е непроменета.

Седми ден од борбата за живот, состојбата се уште е непроменета. Тие се уште витално загрозени, секој ден контролираме, секој ден Советот се состанува неколку пати во текот на денот, изјави Туркулов.

Таа додаде дека внимателно се следи нивната здравствена состојба, се прават дополнителни наоди, лабораториска дијагностика и така се одлучуваат понатамошните чекори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.