Тим лекари од Универзитетскиот клинички центар на Република Српска неодамна добија дозвола да го прегледаат генералот Ратко Младиќ, кој таму издржува доживотна казна затвор

Здравствената состојба  веќе некое време се влошувала, а во јануари му бил вграден пејсмејкер.Генералот Младиќ конкретно побара тој да биде прегледан од лекари од Република Српска, чиј мајчин јазик е српскиот.

Дарко Младиќ, синот на генералот Младиќ, истакна дека присуството на српските лекари е клучно поради бројните приговори за работата на холандските лекари, како и поради немањето соодветна документација за здравствената состојба на неговиот татко.

– Имавме многу замерки за работата на холандските лекари и важно е нашите лекари да одат таму, бидејќи не ја добиваме документацијата на адекватен начин. Татко ми веќе долго време е прилично слаб. Има сериозни здравствени проблеми, не му е лесно. Не се жали бидејќи таков е генерално по карактерот, но јасно е дека му е тешко. Најважно е лекарите да видат каква е реалната состојба и да видат дали може да се дадат предлози и што треба да се промени во пристапот и методологијата. Очекувам да бидат целосно професионални во работата – вели Дарко Младиќ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.