44 годишен сопственик на бензинска пумпа во Атина е брутално убиен, откако кон него непознати напаѓачи испукале повеќе од 80 куршуми.

Инцидентот се случил нешто по 2 часот по полноќ кога напаѓачите му се приближиле на неговиот автомобил пред бензинска пумпа и отвориле оган со калашникови.

Мажот бил застрелан и починал на лице место, додека неговиот автомобил бил изрешетан со куршуми.

Според неофицијални информации, напаѓачите користеле црн џип, што го запалиле на атинската авенија за да им покријат траги.

Жртвата веќе им била позната на властите, бидејќи била цел на вооружен напад во 2018 година во близина на пристаништето Пиреј.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.