Сопругата на членот на Шкаљарскиот клан, Дарко Гајслер, кој беше ликвидиран на 5 јануари пред влезот на зградата во која живееше со семејството во Сао Паоло, Бразил, во својата прва изјава за медиумите рече дека „нивниот син останал без татко и дека ја интересира само каков бил тој како сопруг“.
Тоа што се случи во неговиот претходен живот не е моја работа. Мојот син го загуби татко му, за него знам само каков беше кога живеевме како семејство – изјавила сопругата на убиениот Гајслер која е Бразилка на 34 години.
Убиството се случило за неколку секунди. Сопругата била во шок бидејќи се се случило на метар од неа. Според полицискиот извештај, таа не можела ниту да даде изјава пред истражителите – пишуваат бразилските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.