Стојанка Шаровиќ, сопругата на поранешниот претседател на Република Српска и Српската демократска партија, Мирко Шаровиќ, е пронајдена мртва во семејниот дом. Како што пренесуваат медиумите од соседството, таа најверојатно извршила самоубиство.

Телото на починатата е пронајдено денеска околу 12 часот во семејната куќа во Лукавица.

Стојанка Шаровиќ своевремено работеше во Собранието на градот Источно Сараево и Централната банка. Пред трагедијата, таа работела на позицијата раководител на Секторот за финансии во Заедничката служба на Секретаријатот на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.