Пратениците во црногорскиот Парламент расправаат за предлогот на опозицијата и коалицијата „Црно-бело“ да и се изгласа недоверба на Владата.
Премиерот Здравко Кривокапиќ и поголем дел од министрите во пресрет на почетокот на седницата ја напуштија собраниската сала. Министерот за капитални инвестиции Младен Бојаниќ е единствен претставник на Владата во собраниската сала.
Предлогот за гласање недоверба го образложи пратеникот на ГП УРА, Милош Конатар, кој рече дека не верувал дека ниту премиерот, ниту министрите, освен министерот за капитални инвестиции, нема да бидат во салата кога ќе се разговара за предлогот за недоверба на Владата.
Нивниот однос е една од причините зошто разговараме за ова. Разговараме за одлука која е тешка. Тешките времиња и политичката криза бараа тешки одлуки од нас. Подготвени сме да преземеме одговорност за оваа одлука – изјави Конатар.
Тој додаде дека нема одлука која е доволно тешка кога е во прашање интересот на граѓаните на Црна Гора.
Оваа влада од почетокот функционираше како малцинска, често се случуваше да не можеме да дојдеме ниту до 41 глас поддршка, а не 49 за важни одлуки и избор на клучни луѓе во судството – рече Конатар.
Тој оцени дека Владата денеска ќе падне.
Денеска е јасно дека Владата нема доверба од Парламентот и ќе и биде изгласана недоверба. Обрнете внимание колку пратеници денеска ќе гласаат против овој предлог, јас проценувам 11 или 12 пратеници. Тоа покажува колку поддршка има оваа Влада – истакна Конатар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.