Со помош на селф тестовите, односно тестовите за домашна употреба, задолжителни за учениците и просветните работници, за два дена во Грција беа откриени над 25.000 позитивни случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

Второто полугодие во Грција започна вчера, а учениците и просветните работници, без разлика дали се вакцинирани или не добија бесплатни селф тестови, од кои едниот го искористија вчера, во пресрет на првиот ден, а вториот денеска.

Вчера, биле тестирани околу 1,6 милиони лица и потврдени 15.547 позитивни резултати од селф тестови, додека пак денеска имало 9.688.

Оние кои добиле позитивен резултат на селф тестот, потребно е да го потврдат резултатот преку повторно тестирање со рапид или ПЦР тест.

Учениците и просветните работници задолжително ќе се тестираат два пати седмично, со бесплатните селф тестови, а за оваа седмица добија еден тест плус и третиот ќе треба да го направат во четврток.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.