Маж на возраст од 41 година доцна синоќа во Загреб со секира нападнал жена (41) и дете (1,5), побегнал и се фрлил под автомобил. Како што пренесуваат хрватските медиуми, човекот синоќа отишол во куќата во која живеела неговата поранешна партнерка (41) со дете. Почнала жестока расправија по која тој со секира ги нападнал и нејзе и бебето.

Мајката и девојчето биле пренесени во болници, но детето не било спасено и покрај интензивните напори на лекарите.

Мажот побегнал во непознат правец и завршил на обиколницата каде под неразјаснети околности непознато возило налетало и го усмртило на лице место. Во тек е полициска истрага за утврдување на сите околности, а случајот ќе го соопшти и полициската управа во Загреб.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.