Се очекува кандидатот за технички премиер во Бугарија, Горица Гранчарова-Кожарева, денеска да почне разговори за составот на привремениот кабинет, јави БТА.

Претседателот даде рок до 19 август да достави проект за кабинетот, што значи дека од утре ќе почнам разговори со актуелните министри, но и со други експерти. Ќе формирам кабинет за да се обезбеди нормално функционирање на државата додека не се формира редовна влада, изјави таа вчера.

Кожарева истакна дека најважна задача на преодната влада е одржувањето фер избори.

Шефот на државата Румен Радев ја назначи Горица Гранчарова-Кожарева за кандидат за состав на техничка влада.

Најсоодветниот датум за новите предвремени парламентарни избори е 20 октомври, рече Радев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.