колу 200.000 Словенци се зависници од алкохол, а двојно повеќе се во „ризик да станат такви“, што значи дека секој четврти човек во Словенија има проблем со алкохолот, објави денеска љубљанскиот портал „24 сата“.

Терапевтот Аница Пишл наведува дека во семејствата каде што еден од членовите е алкохоличар, навиките за пиење се пренесуваат на децата, кои на крајот и самите стануваат алкохоличари.

Директорот на терапевтскиот центар „Скупност“, Хорват Жнидаршич, чија двегодишна програма ги третира лицата од алкохолизам, изјави дека целта на терапијата е зависникот да почне да работи на себе и во трезвена состојба да научи да биде одговорен и задоволен.

Кој не е задоволен со себе во трезвена состојба, не е среќен и порано или подоцна повторно ќе посегне по алкохол или други психоактивни супстанции, посочи Жнидаршич.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.