Цените на некои енергенси за потрошувачите во Словенија од 1 септември годинава ќе бидат пониски откако Владата ја намали стапката на ДДВ за нив од општата стапка од 22 на 9,5 отсто, беше одлучено на последната седница на владата на премиерот Роберт Голоб пред летниот распуст.
Со ваквата одлука, државниот буџет годинава и следната година ќе остане без околу 130 милиони евра, а е донесена како дел од севкупните мерки за намалување на зголемените трошоци за енергија за граѓаните и компаниите.
Одлуката за намалена стапка на ДДВ се однесува на струјата, природниот гас, парното греење од топланите и дрвната биомаса, додека мазутот, бензинот и дизелот остануваат со иста даночна стапка како досега, бидејќи директивата на ЕУ не дозволува намалување на ДДВ на овие енергенси на Унијата – изјави министерот за финансии Клемен Боштјанчич на прес-конференција по владината седница.
Од друга страна, министерот потсети дека Владата веќе ги регулирала цените на нафтените деривати, но и на електричната енергија како дел од мерките против трошоците за енергија, што потрошувачите ќе можат да ги почувствуваат и во цените што ќе бидат пониски отколку што би биле инаку, имајќи го предвид растечкиот тренд на цените на енергенските на светскиот пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.