Словенечките гласачи, кои на денот на парламентарните избори на 24 април ќе бидат во изолација поради контакт со заразено лице со коронавирус, ќе гласаат на исто место и во ист термин со останатите граѓани, одлучи словенечката Државна Изборна комисија. Тие дополнуваат дека на избирачките места ќе мора доследно да се почитуваат епидемиолошките мерки.

Во претходните денови, локалните медиуми известуваа дека ДИК бара начин како да им овозможи гласање на лицата кои се во изолација да го остварат своето право на глас. Еден од предлозите на Државната изборна комисија беше лицата во изолација да гласаат во посебен термин, по затворањето на гласачките места, односно избирачките места да останат отворени само за лицата во изолација во периодот од 19.15 до 21.15 часот. Во тој термин би гласале оние на кои ќе им биде наложена изолација на пет дена пред изборите, па поради тоа не би можеле да го испратат својот глас ниту преку пошта.

Друг предлог беше за лицата во изолација да се обезбедат два часа, но во рамки на изборниот ден, што значи дека тие би гласале во периодот од 17 до 19 часот.

Со денешната одлука, Изборната комисија го отфрли предлогот за дополнителни два часа за лицата во зиолација. На ова жестоко се спротивставија епидемиолозите поради сега доминантната варијанта омикрон, која побрзо и полесно се пренесува кај населението од претходните доеви..

Оние гласачи кои се во карантин на денот на изборите поради инфекција со коронавирус ќе можат да гласаат по пошта, а за оние кои ќе дознаат дека се позитивни непосредно пред денот на изборите, одлуката за начинот на остварување на избирачкото право ќе биде донесена најдоцна до 25 денови пред изборите, најави претседателот на изборната комисија Душан Вучко.

Според актуелниот изборен закон, барањето за гласање по пошта треба да се поднесе најдоцна пет дена пред изборите, така што за оние кои ќе дознаат за заразата надвор од тој рок, потребно е да се најде адекватно решение, додаде Вучко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.