Во изминатата седмица не се регистрирани нови случаи на мајмунски сипаници во Грција, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), со што вкупниот број на потврдени случаи останува 82, јави дописничката на МИА од Атина.

Од регистрираните случаи во изминатите месеци, сите се кај мажи на просечна возраст од 36 години, односно од 19 до 61 година, а 23 од заразените (28 отсто) пријавиле патување во странство во периодот на инкубација на болеста.

Од ЕОДИ соопштија дека случаите веќе оздравеле или оздравуваат во генерално добра клиничка состојба.

Додаваат дека поради малио т број нови случаи, извештите, наместо на неделно, ќе бидат на месечно ниво.

Првиот случај на мајмунски сипаници во Грција беше регистриран на почетокот на јуни годинава



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.