Бугарската партија Има таков народ (ИТН) и нејзиниот лидер Слави Трифонов побараа враќање на ветото за Македонија за прием во ЕУ.
„Ние бевме против тоа цело време. Нашиот министер за надворешни работи беше заобиколен од Народното собрание и од Кирил Петков, кој имаше свој министер за надворешни работи. И затоа тој повеќе не е премиер“, ја бранеше Трифонов поранешната шефица на бугарската дипломатија, Теодора Генчовска на прашањето дали партијата чувствуваа дека е дел од вината за повлекување на ветото.
Треба да се врати ветото за Македонија, бидејќи ова е единствениот начин, механизам со кој можеме да влијаеме на антибугарската кампања во оваа земја, која добива монструозни размери, категоричен е Трифонов во својата изјава на денешната прес-конференција на партијата.
ИТН за само година и пол од прва политичка сила падна под бариерата од 4 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.