Силниот и обилен дожд денеска предизвикал проблеми и поплави во Атина, а од бројот 112 за итни случаи до жителите била испратена порака да ги ограничат нивните движења, објавија грчките медиуми.

Повеќе централни булевари биле поплавени и според „Катимерини“ во прекин бил сообраќајот, додека пак противпожарната служба примила десетици повици за помош и интервенции, а во одредени населби имало проблеми и со снабдувањето со електрична енергија.

Според грчката државна телевизија „ЕРТ“, во едно основно училиште и во градинка во Атина поплавени биле училниците што се наоѓаат на приземје, по што потребно било да се евакуираат децата и да бидат префрлени на повисоките катови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.