На свадбена веселба која се одржа минатиот викенд во Мионица, Србија, дошло до конфликт меѓу обезбедувањето и гостите на свадбата, а во општата тепачка повредена е и невестата.

Како што пренесува „Курир.рс“, до општа тепачка дошло откако вработени од обезбедувањето, кои биле ангажирани од сопственикот на локалот, реагирале кога еден од гостите скршил чаша и се качил на стол.

Видеото од оваа тепачка брзо се прошири на социјалните мрежи, а во коментарите под видеото се огласи и невестата, која вели дека има докази дека била претепана.

Ако сакате да ве истепаат како мене (невестата), тогаш ова е местото каде што треба да се венчате, напиша таа во коментар.

Додаде дека психичките рани и стравот немаат како да ѝ се платат.

Според изворите на „Курир.рс“, сè започнало од прекинато време.

Кога гостинoт Горан К. скршил чаша, обезбедувањето го предупредило, но набргу потоа се качил на стол, по што обезбедувањето Марко Ј. и Лазар М. го извадиле од сала и го однеле во тоалет, каде според неговите тврдења му удриле два шамари, а исто поминал и другиот гостин на свадбата, Душко Б., кој се обидел да заштити сватот. После тоа во холот на свечената сала пред тоалетот се собрале и револтираните гости, но и младоженецот и неговиот татко, по што дошло до туркање меѓу сватови и обезбедувањето.

Епилогот од тепачката е седум повредени лица. Драгољуб П., гостин на свадбата, се здобил со тешки повреди и му била укажана помош во болницата во Ваљево, додека младоженецот и неговиот татко се здобиле со полесни повреди. Двајца работници од обезбедувањето се полесно повредени, како и уште двајца гости на свадбата.

Истрагата за овој необичен инцидент е во тек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.