Пожарот што избувна нешто пред седум часот утринава во кинескиот трговски центар во Нов Белград не стивнува, а според неофицијални информации нема повредени.
Пред запалената зграда има голем број сопственици на дуќани, а одвреме навреме се слушаат и експлозии, а се сомнева дека се работи за плински боци, кои ги има во изобилство во кинескиот трговски центар.
Хеликоптерската единица цело време се бори со огнот, а пламените јазици значително се намалија.
Првиот кат од кинескиот трговски центар е целосно уништен, а проблем со гаснењето на пожарот предизвикува тоа што во објектот има многу запаливи работи – опрема, пиротехника и слично.
Лука Чаушиќ, началникот на Секторот за вонредни состојби помош на МВР, изјави дека ситуацијата е сложена.
Хеликоптерите во основа ја намалуваат температурата за да можат членовите на МВР да се приближат уште повеќе и да реагираат поефикасно. Добивме дојава во 6:57 часот, по две-три минути пристигнаа првите единици. Ваквите згради се полни со запаливи материјали, пожарот веќе беше во фаза на разгорување, сега се обидуваме да го пресечеме огнот од задната страна, рече Чаушиќ.
Дојава за пожар во кинескиот трговски центар на ул. „Јуриј Гагарин“, Нов Белград е добиена во 06:57 часот.
Од Нови Београд, Земун, Кошутњак, Вождовац и Звездара се испратени вкупно 46 пожарникари-спасувачи со 13 возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.