Земјотрес 4,1 степен по Рихтеровата скала се регистрирани утринава во романската област Вранча, соопшти Националниот институт за истражување и развој на физиката на Земјата (INCDFP).

Земјотресот е регистриран на длабочина од 81 километар, 155 километри северно од Букурешт, јави Аџерпрес.

Во текот на овој месец во Романија имало 12 земјотреси со јачина од 2,4 до 4,1 степени според Рихтеровата скала.

Најсилниот земјотрес во Романија годинава се случи на 16 јануари, со јачина од 4,4 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.