Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска наутро го потресе источниот дел на грчкиот остров Крит, јавува „Катимерини“.
Засега нема информации за повредени или за оштетување на објекти.
Земјотресот се случил во 7:13 часот по локално време. Епицентарот бил во морето на 30 километри од градот Закрос, а со длабочина од 4,7 километри.
Тој се почувствувал во многу области на источниот дел од Крит, но и на главниот град на округот, Хераклион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.