Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во морето меѓу Закинтос и Кефалонија, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина.

Првата проценка на Институтот беше дека јачината на земјотресот била 5,3 степени, пренесува Екатимерини.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 10:36 часот, бил на 57 километри југозападно од Ликсури, на длабочина од 11,6 километри.

Според проценката на Евро-медитеранскиот центар (EMSC), земјотресот бил со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.