Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција во поширокиот регион околу Атина, јавува ЕМСЦ
Земјотресот се случил во 8 часот и 26 минути по локално време, на длабочина од 11 километри, 79 километри северозападно од Перистери и 12 километри југоисточно од Мантуди.
Засега нема извештаи за материјална штета.
Перистери е шестата по големина населба во Грција и најголемото предградие на главниот град Атина. Ѝ припаѓа на областа Западна Атина во периферијата на Атика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.