Разорен земјотрес со јачина од 6,1 степен ја погоди денеска Турција. Земјотресот е регистриран на 46 километри источно од Малатија, која беше разурната од минатогодишниот земјотрес.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 9 километри.

Засега нема информации за жртви и штети.

Во февруари минатата година, низа разорни земјотреси, од кои најсилниот беше 7,8 степени според Рихтеровата скала, го погодија истокот на Турција. Малатија беше сериозно оштетена во овие земјотреси, додека неколку градови беа срамнети со земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.