Десеттина картонски кутии, на кои е испишано –За добро здравје на Христијан Пендиков, Фондација Бугарска меморија, денес пристигнале во бугарскиот клуб Цар Борис Трети во Охрид, објави Фокус. Кутиите за охриѓанецот Христијан Пендиков, инаку секретар во бугарскиот клуб, кој беше натепан во Охрид на 19-ти јануари, а кафеанската тепачка во која беше повреден стана главна вест поради односите Македонија – Бугарија и предизвика дипломатски тензии, се подарок од бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски.
Тој е финансиер на клубовите во Битола и Охрид, чие отворање под имиња на контроверзни историски личности ја вознемири македонската јавност, и предизвика голем број на тензии помеѓу народите. -Голема благодарност за докторот Милен Врабевски и фондацијата Бугарска меморија, кои константно помагаат за вистината и за братскиот народ во Македонија. Бог да му дава здравје на Христијан Пендиков и побргу да оздрави – порачаа од клубот во Охрид, и објавија фотографии од подароците кои Врабевски му ги испратил на Пендиков.
Oна кое може да се види од објавените фотографии, Врабевски го почестил Христијан со храна. Млеко, леќа, портокали, зејтин, оцет, кафе, конзерва со сардини, шеќер, макарони…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.