Поранешниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ неколку месеци пред атантатот во 2003 година со писмо до тогашниот претседател на САД Џорџ Буш и премиерот на Велика Британија Тони Блер како и до претседателот на Русија Владимир Путин побарал враќање на српските безбедносни сили.Ова се наведува во книгата „Трет метак“ на Милан Верувиќ.

Во писмото Ѓинѓиќ предупредува дека Косово оди кон незавиност и оти мора што поскоро да се најде решение за ова прашање.Премиерот нагласува дека е дојдено времето српските сили да се вратат на Косово што е во согласност со Резолуцијата 12 44 на ОН.

Решението е во компромисот според Резолуцијата 12 44.Решението е во суштинска автономија за Косово, враќање на протераните Срби и враќање на предвидениот број на наши полицајци во покраината. Дури кога од Њујорк и Лондон ќе почнат да стигнуваат вакви гласови ситуацијата ќе почне суштински да се менува на подобро-говореше Ѓинѓиќ.

По неговото загинување, наследникот Зоран Живковиќ веднаш се откажа од намерата српската војска да се врати на Косово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.