Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше прогласен за виновен за фалсификување деловни документи за да ги прикрие исплатите на порно ѕвездата Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година, а сега се поставува прашањето дали може да се кандидира за претседател?

Може!

Уставот на САД пропишува три правила за претседателските кандидати:

1. Тие мора да бидат државјани на САД кои се родени на територијата на САД

2. Мора да имаат најмалку 35 години

3. Мора да престојувале во САД најмалку 14 години

Трамп ги исполнува сите три услови.

Постои, веројатно, уште еден критериум наведен во 14-тиот амандман, кој вели дека никој што претходно положил заклетва и кој учествува во бунт не може да биде службеник во Соединетите Држави. Сепак, американскиот Врховен суд на почетокот на оваа година пресуди дека Конгресот ќе мора да донесе посебен закон со кој се повикува на оваа забрана. Тоа нема да се случи наскоро, пишува CNN.

Судијата Хуан Меркан ја закажа пресудата на Трамп за 11 јули, што е четири дена пред почетокот на Националната конвенција на Републиканците, која треба да се одржи во Милвоки.

Технички е можно, иако е малку веројатно со оглед на неговата прва пресуда, Трамп да биде осуден на затворска казна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.