На барање на Јавното обвинителство за организиран криминал на Србија, во Шпанија се води постапка за екстрадиција на Милинко Брашњевиќ во Србија, осомничен за учество во убиствата на членовите на Шкаљарскиот клан во Грција.

Обвинителството поднесе барање за екстрадиција на Брашњевиќ и постапката по тоа барање е во тек во Шпанија.

Брашњевиќ беше уапсен во Шпанија на крајот на февруари, а е осомничен дека учествувал во убиствата на Стеван Стаматовиќ и Игор Дедовиќ во Атина и Алан Кожар и Дамир Хаџиќ на Крф во 2020 година.

Обвинетиот соработник во постапката против организираната криминална група Вељко Беливук, Срѓан Лалиќ, го означи како директен извршител на убиството на Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.